Утрински Весник
Спорт

Судот во Честер одлучи: Бенжамин Менди не е виновен за седум од обвиненијата за силување

Судот во Честер одлучи: Бенжамин Менди не е виновен за седум од обвиненијата за силување

Судот во Честер, Англија, денеска донесе одлука за процесот кој трае повеќе од една година, а во кој е вклучен фудбалерот на Манчестер Сити, Бенжамин Менди кој е обвинет за сексуални напади врз четири жени.

dobivaj vesti na viber

Одлуката на судот е да го прогласи Менди како невин за седум од обвиненијата за сексуално вознемирување кои му се товареа, додека за две обвиненија дополнително треба да биде донесена одлука.

Од таборот на Манчестер Сити излегоа со соопштение дека се свесни за одлуката на судот во Честер, но дека нема да носат одлука за иднината на Менди сѐ додека целиот случај не биде конечно затворен.

„Ја забележавме одлуката на судот во Честер, каде Бенжамин Менди е прогласен за невин во седум од обвиненијата. Судот ќе расправа за уште две обвиненија, па судењето не е завршено. Бидејќи се уште целата работа е отворена, клубот не е во позиција да дава дополнителни коментари на оваа тема“, се вели во соопштението на „граѓаните“.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ