Утрински Весник
Свет

Судот повлече дел од обвиненијата против Пуџдемон: сè уште се товари за непослушност и проневера

Судот повлече дел од обвиненијата против Пуџдемон: сè уште се товари за непослушност и проневера

Судијата на шпанскиот Врховен суд, Пабло Љарена, кој го води процесот против поранешните каталонски лидери, повлече дел од обвинението против поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, пренесува „Ел паис“.

dobivaj vesti na viber

Се вели дека тој го отфрлил обвинението за бунт против Пуџдемон, но сепак го обвинува за проневера и непослушност.

Љарена во образложението на одлуката наведе дека укинувањето на тој вид кривично дело претставува „контекст близок до декриминализација“ на истражните факти бидејќи тој вид дело не се вклопува во јавен неред.

Љарена исто така ја укина евро-потерницата за бунт, но таа остана во сила за проневера и непослушност, што значи дека налозите за поранешните каталонски лидери надвор од Шпанија сè уште важат.

Љарена е главниот судија во процесот инициран против поранешните каталонски лидери, кои во 2017 година прогласија независност на шпанската покраина Каталонија по одржаниот референдум.

Љарена рече и дека ќе чека Генералниот суд на Европската Унија да донесе одлука за одземање на имунитетот на Пуџдемон и на уште двајца каталонски лидери, кои во меѓувреме станаа европратеници.

Можете да прочитате

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан