Утрински Весник
Македонија

Судот ѝ го одзема пасошот и забрани „одредени активности“ на претседателката на ДКСК

Tatjana Dimitrovska.jpg

Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција остана без пасош, откако доби статус на осомничена во случајот „Адитив“. Според неофицијални и непотврдени информации, таа се сомничи дека издала службена информација. Од Обивнителството, рекоа дека детали ќе соопштат во текот на утрешниот ден.

Таа како што објави 360 е осомничена по вештачење на телефоните на  обвинетите во скандалот Адитив и е осомничена дека издала слуѓбена тајна.


„Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во јавноста позната како “Адитив”, по нејзино произнесивање во однос на предлогот на ЈО за определување мерки за претпазливост, донесено е решение со кое СЕ ПРИФАЌА предлогот на ОЈО ГОКК и се опредлуваат мерки за претпазливост согласно точка 3 и точка 7 односно Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова; и Забрана за преземање на одредени работни активности поврзани со кривичното дело“, велат од Кривичен суд.

Можете да прочитате

Левица: Оставка од Трипуновски по двата големи скандали со поткуп во Министерството

По шест дена штрајк со глад: Сопругот на исчезнатата Злата итно хоспитализиран 

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро, ќе биде завршено во 2027 пред предвидениот рок