Утрински Весник
Свет

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

20260120192911 big 730x400 14.webp.webp

Француската полиција употреби солзавец и водени топови врз земјоделците кои протестираа пред зградата на Европски парламент во Стразбур поради Дофоворот помеѓу ЕУ и Меркосур.

И покрај инцидентите, ситуацијата во областа е релативно мирна, иако главниот влез на ЕП беше затворен за посетителите.

Земјоделците истакнаа транспаренти – „Меркосур е закана за нашата егзистенција“, „Не за Зелениот договор“, навредливи постери против претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и други.

Во протестот, покрај француските, учествува и земјоделци од други европски земји.

Протестот на земјоделците пред ЕП е против Договорот за слободна трговија помеѓу Европска Унија и Јужноамериканскиот трговски блок Меркосур, кој беше потпишан на 17 јануари во главниот град на Парагвај, Асунсион. Со договорот се создава најголема зона за слободна трговија во светот.

На договорот се спротивставија Полска, Франција, Австрија, Ирска и Унгарија, а Белгија се воздржа од гласање во Советот на ЕУ. Главната причина за нивните приговори е стравувањето дека Договорот би можел да доведе до зголемена конкуренција во увозот на земјоделски производи од Јужна Америка и да влијае на интересите на европските производители.

Можете да прочитате

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците

Францускиот претседател со децидна порака од Давос: Европа нема да дозволи да биде потчинета