Утрински Весник
Свет

Судир на танкер и брод во Ормуски Теснец

20250617113101 big 730x400 58.webp.webp

Армијата на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) денеска евакуира 24 луѓе од нафтен танкер по судирот со друг брод. Несреќата се случи источно од Ормуски Теснец, најважниот нафтен премин во светот.

Танкерот Адалин пловел кон Суетски Канал. Армијата на ОАЕ распореди бродови на крајбрежна стража, кои го пребаруваат подрачјето и да го евакуираат екипажот.


Британската компанија за поморска безбедност „Амбри“ (Ambrey) објави дека причината за инцидентот не е од безбедносна природа, со оглед на тоа што Ормуски Теснец се наоѓа спроти Иран, кој од 13 јуни со Израел меѓусебно се напаѓаат.

Ормуски Теснец е стратешки поморски влез во Персиски Залив, низ кого поминува околу една петтина од светската нафта. Во 2024 година околу 20 милиони барели нафта дневно минувале низ овој Ормуски Теснец.

Можете да прочитате

ЕУ дипломатија нападната – делегацијата во Киев сериозно оштетена по ракетен напад

Петто тело е пронајдено во реката Сена во текот на август – француската полиција се сомнева дека се работи за жртви на сериски убиец

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)