Утрински Весник
Свет

Судир на камион и автобус во Јапонија, најмалку петмина загинати

Судир на камион и автобус во Јапонија, најмалку петмина загинати

Најмалку пет луѓе загинаа а 12 се повредени во судир на камион и автобус во Јапонија.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека камионот можеби преминал на спротивната лента, објави новинската агенција Кјодо.

Во автобусот во моментот на несреќата која се случила во неделата имало 15 патници. Во несреќата загинале возачите на двете возила.

На видеото на НТВ се гледаат оштетените остатоци од две возила на патот по сударот.

Автобусот патувал од Сапоро до Хакодате, а камионот превезувал свињи од Хакодате до Јакумо, објави Кјодо.

Можете да прочитате

Италија ги намалува даноците на горивата

Проектил погодил брод во близина на Катар

Путин праќа морнарица да ги придружува руските танкери за нафта во Средоземното море