Утрински Весник
Спорт

Судијата Манзано кој го оштети Реал Мадрид и официјално суспендиран

Image.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шпанскиот судија Хесус Хил Манзано и официјално е суспендиран по дискутабилната одлука на крајот од мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид кога досуди крај на натпреварот во моментите кога гостите поведоа.

По се она што се случи на мечот очекувано беше надлежните во Техничкиот судиски комитет во Шпанија да го казнат.

Инаку казната е, барем засега, два меча во аут додека не се донесе дефинитивно решение што да се прави со Манзано кој важи за еден од најдобрите судии во Шпанија и Европа.

Се очекува тој подолго време да биде надвор од Ла Лига.

Манзано свирна крај додека топката одеше кон мрежата на домашните. Играчите на Реал тврдеа дека не го слушнале свирчето кое означило крај, а потоа Белингем доби и директен црвен картон поради жестоките приговори.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025