Утрински Весник
Македонија

Судењето за Зеќири одложено, неизвесно е одржувањето и на наредното – се зависи од неговата здравствена состојба

Зеќири не се чувствува виновен, oдбраната очекува ослободителна пресуда

Вештакот кој го ангажираше судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска известил дека обвинетиот Мухамед Зеќири не е способен да следи судења поради нарушено здравје. Со ова се потврдува мислењето на техничкиот советник Александар Марцикиќ, кој на претходните рочишта го правдаше отсуството на Зеќири. Судењето се одложи, а неизвесно и одржувањето на наредното. Се ќе зависи од тоа колку брзо Зеќири ќе закрепне.

dobivaj vesti na viber

„Мислењето на вештото лице го имате. Дадено е мислење дека не е способен да го следи судењето поради здравствената состојба, што е привремено. Наредното рочиште е на закажаниот термин“, им посочи судијката Јанчулева-Михаиловска на адвокатите.

Пред одржувањето на наредното рочиште, Зеќири ќе има уште еден преглед од вештото лице на судот. Наодот ќе го даде одговорот дали обвинетиот, по неколку одложени рочишта, ќе може да се појави на суд. На наредното рочиште ќе треба да се закажат термини за наредни рочишта.

Можете да прочитате

Генералниот секретар на СДСМ: Тошковски уште не поднесе оставка?

Левица: Министерството за одбрана лаже, најдобрите кандидати се подло одбиени

Пожар кај Долно Дупени, спасени се неколку куќи