Утрински Весник
Македонија

Судењата за Мијалков, кои може да застарат, ќе се стават на брза лента, уверува Кривичниот суд

Судењата за Мијалков, кои може да застарат, ќе се стават на брза лента, уверува Кривичниот суд

На ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, ќе му се суди со побрз интензитет за предметот „Таргет -Ттврдина“, кој се однесува на нелегалното масовно прислушување. Ова го тврди Кривичниот суд по реакцијата зошто се чека еден и пол месец за да се закаже прво рочиште за овој предмет. Со побрза динамика ќе тече и „Трезор“, втор предмет каде што обвинет исто така е Мијалков. Заедничко за двата е што Апелација реши да ги укине пресудите и да ги врати на повторно судење.

dobivaj vesti na viber

На прашање зошто рочиште за „Таргет – Тврдина“ не е закажано порано, образложението е дека судијата Илија Трпков постапува по други предмети.

„За тој предмет и за предметот ‘Трезор’, ќе се даде интензитет. Двајцата судии го кажаа тоа“, посочија од Кривичниот суд.

За последните два дена од февруари закажани се првите рочишта за „Таргет – Тврдина“ за масовното прислушување, каде што првообвинет е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Ова значи дека повтореното судење во Кривичниот суд ќе почне по два месеца откако Апелација објави дека ќе ја укине пресудата и еден месец откако апелациските судии ја напишаа одлуката. Ваква динамика утврдил судијата Илија Трпков иако е запознаен дека делата на Мијалков е можно да застарат, а тој да не одговара за прислушувањето.

За делата на Мијалков и другите обвинети да не застарат, правниците сметаат дека е важен секој ден. Предметот е обемен, а пред пресудата да биде укината процесот од првото судење до одлуката на Апелација траеше пет години. Ако динамиката тече исто како и претходно, а делата на обвинетите им застаруваат во 2025 година, односно за две години, тогаш пресметките покажуваат дека е невозможно да се дочека одговорност за масовното прислушување.

Можете да прочитате

Лефков: Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, само тој може да ги управува и мрежата на Сорос

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата