Утрински Весник
Свет

Суд ја блокираше наредбата на Трамп за ограничување на државјанството по раѓање

20250220104244 Big 730x400 52.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот апелациски суд во Сан Франциско ја потврди блокадата на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, со која тој се обиде да го ограничи правото на државјанство по раѓање. Судот го одби барањето на администрацијата на Трамп да ја суспендира пресудата на понискиот суд, со што оваа правна битка би можела да заврши пред Врховниот суд на САД.

Трамп на 20 јануари, веднаш по преземањето на функцијата, потпиша наредба со која им се ускратува државјанството на деца родени во САД, ако ниту еден од родителите не е американски државјанин.


Наредбата веднаш беше оспорена од неколку демократски држави и организации за заштита на имигрантите, кои тврдат дека таа го крши 14-от амандман од Уставот, кој гарантира државјанство за сите родени на американска територија.

„Оваа наредба е очигледно неуставна“, стои во пресудата на сојузниот судија Џон Коухенор, кој одговори на тужбата поднесена од Вашингтон, Аризона, Илиноис и Орегон.

Судови во Мериленд, Масачусетс и Њу Хемпшир веќе донесоа одделни одлуки со кои ја блокираат примената на наредбата.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп