Утрински Весник
Македонија

Студот малку ќе попушти, Антициклон во Македонија носи магла во котлините

Meteoalarm.mk 15 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на Антцициклон, односно поле со висок воздушен притисок кое условува да имаме стабилно, суво, тивко но многу ладно време со многу ниски температури на воздухот, особено ниски температури имаме во ноќните  и во утринските часови. Сепак, студот во следните денови малку ќе попушти особено преку ден кога температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени а во Скопје  и околината температурата деновиве ќе се искачува до околу 7 степени.

Наутро пак иако температурите ќе бидат под нулата, сепак и наутро студот малку ќе попушти односно температурите нема да бидат екстремно ниски како изминативе неколку утрини кога во Македонија имавме исклучително ладно време со екстремно ниски температури на воздухот.

Во ваква ситуација кога е активен Антициклон и поле на висок воздушен притисок во зимскиот период, во следните неколку денови по котлините  и по речните долини кај нас ќе се создаваат услови за појава на магла  и на ниска облачност која особено изразена ќе биде во утринските  и повторно во ноќните часови.

Барем одсега гледано нови пообилни врнежи од дожд и од снег и нова снежна покривка во Македонија очекувам на 21 Јануари (Среда)

Можете да прочитате

Зајкова: Срамно е после 18 месеци чекање нов Кривичен законик да добиеме само козметички интервенции на постоечкиот

На Дојран спречен обид за криумчарење 5.050 штеки цигари, српски државјанин лишен од слобода

СДСМ: Мицкоски со анти-ЕУ кампања ја води земјата кон изолација