Утрински Весник
Балкан

Студентите во Србија собираат потписи за предвремени избори

Zname na srbija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Студентите кои се во блокада во Србија најавија акција што ќе се одржи утре под мотото „Распиши победа!“, со која ќе се собираат потписи за поддршка на иницијативата за распишување предвремени парламентарни избори.

Граѓаните ќе имаат можност да ја изразат својата поддршка на повеќе од сто различни локации низ државата. Организаторите информираат дека листата на пунктови редовно се ажурира и е достапна на интернет-страницата studenti.org.rs.

Според последните информации, потписи ќе се собираат на 108 локации, преку вкупно 476 штандови поставени низ Србија. Од студентската организација посочуваат дека целта на акцијата е да се добие јасна слика за бројот на граѓани кои се залагаат за одржување предвремени избори.

Можете да прочитате

Вучиќ и Орбан разговарале за енергетската безбедност и регионалната соработка

Вучиќ: Отвораме фабрики за дронови во Србија

Две лица загинаа во пожар во Атина