Утрински Весник
Македонија

Студено утро, сончево и топло преку ден

Vreme.png

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 23 степени Целзиусови.


Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на седмицава нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината.

Утре и задутре особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови. Во текто на целата седмица ќе дува засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, особено утринските.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Словачка, Ивета Хрицова

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

(Видео) Сопруга на загинатиот полицаец во Кочани: Со поткуп, свекорот ја продаде смртта на мојот сопруг, оставка од Тошковски