Утрински Весник
Македонија

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Studeno Vreme.jpg

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку ден, времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 11 до минус 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје најавено е студено утро, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку ден, времето се очекува да биде сончево и тивко. Минималната температура предвидено е да се спушти до минус 6, а максималната да достигне до 10 степени.

Во следните денови се предвидува да биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните да бидат во пораст. По одделни котлини да има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот, се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Можете да прочитате

Метео аларм: Утре силен северен ветер над 70 км/ч!

Ампева до работниците во „Артекс“: Не потпишувајте нешто, обезбедена е правна поддршка!

СЦЕНСКИ ОМАЖ ЗА ТОМАЖ ПАНДУР: „БЕЗГРЕШНА“ НА СНГ МАРИБОР ВЕЧЕРВА ВО МНТ