Утрински Весник
Свет

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

20251025194200 big 730x400 39.webp.webp
Dik 300x250 mk

Финскиот претседател Александар Стуб на состанокот на коалицијата на европски земји кои ја поддржуваат Украина, предупредил дека соработката со американскиот претседател Трамп треба да продолжи, во спротивно Русија би можела повторно да го придобие, пишува денеска британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на дипломатски извори.

На вчерашниот состанок на коалицијата во Лондон, финскиот претседател изјавил дека „Русија кружи околу Трамп и неговите советници“ за да го убеди да ги поддржи плановите на рускиот претседател Путин за прекин на војната во Украина, пренесува Бета.


Дипломатските извори за Телеграф ја опишуваат забелешката на финскиот претседател како „клучна интервенција“, а него го гледаат како најблизок европски сојузник на Трамп.

Финскиот претседател Стуб на состанокот кажал и дека Трамп во моментов е задоволен од улогата на Европа во неговите напори за прекин на војната.

Предупредувањето на Стуб доаѓа откако во Вашингтон допатува специјалниот пратеник на Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, во обид да издејствува повлекување на новите санкции на САД против најголемите руски нафтени компании.

Димитриев за Си-Ен-Ен изјави дека верува оти Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина. Тој, исто така, кажа дека средбата Трамп-Путин не е откажана, како што изјави американскиот претседател, и оти двајцата лидери, сепак, веројатно ќе се сретнат.

Трамп претходно изјави дека неговата средба со Путин во Будимпешта е откажана поради застој во дипломатските напори за завршување на војната.

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си – Трамп