Утрински Весник
Македонија

Струмичанка пријавила во МВР дека била измамена од мајстор на куќата, не ги извршил работите

Policija 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 22.06.2024 во 11.20 часот во СВР Струмица, 36 – годишна жена од струмичко село пријавила дека била измамена од едно лице за сума од повеќе од 8.000 евра.

Според пријавеното, таа се договорила со лицето да работи на реновирање на нејзината куќа, по што на крајот на феврурари и почетокот на март 2024 година во три наврати, додека била во странство, му ги пратила парите.

Како што е пријавено, откако се вратила видела дека работите не се завршени, а на 22.06.2024 лицето ја известило дека нема да продолжи да работи на куќата. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од МВР.

Можете да прочитате

Евзони без блокади до петок, грчките земјоделци прават празнична пауза

Започнува зимскиот распуст, учениците се враќаат на настава на 20 јануари

Дрзок грабеж во златарница во центарот на Скопје, двајца Романци уапсени на лице место