Утрински Весник
Спорт

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата

Screenshot 2024 05 18 190752.jpg

Со одигрувањето на последното 33. коло заврши лигашкиот дел од прволигашката фудбалска сезона во Македонија. За комплетно да биде спуштена завесата за натпреаврувачката сезона 2023/24 остануваат да се одиграат бараж натпреаврите и финалето на Купот. Старо-новиот шампион на мак-сцената Струга со пораз од Шкупи (1:2) на домашен терен го заврши првенството. Ова беше пирова победа за чаирчани, бидејќи Шкендија со победа на гости кај Работнички (0:2) ја зграпчи евро виза за настап во квалификациите за Конференциската лига. Со погодоците на Красниќи во 34. минута и Аганспахиќ во 72. минута, тетовските „црвено-црни“ стигнаа до бодовите на гостувањето кај „романтичарите“ и заврши на втората позиција. Во Струга каде домаќинот ја имаше обезбедено одбраната на титулата пред одигрувањето на последните 90 минути, чаирчани преку Рамани уште во деветата минута најавија дека се дојдени по трите бода. Водството на гостите го анулира Буњамин Шабани во 30. кој постигна израмнубвачки погодк за 1:1. По шест минути игра во второто полувреме Аворњо дојдесе ново водство за Шкупи и триумф. Вардар кој ќе игра бараж за опстанок ремизираше со Тиквеш (2:2). Црвено-црните поведоа со гол на Николовски во 14. минута, но брзо потоа следуваше пресврт, со погодоци на Пузиревскис и Даноски, кавадаречкиот тим го сврте резултатот и поведе со 2:1. Сушњара во 66. минута донесе бод за Вардар. Вистинска голеада имаше во Струмица каде Брера со 5:3 ја победи екипата на Македонија Ѓорче Петров која имаше водство од 2:1 на полувремето. Воска и Гостивар ремизираа (1:1) како и Брегалница и Силекс (1:1). Струга ќе учествува во квалификациите за Лигата на шампионите, Шкендија во квалификациите за Конференциската лига, Вардар ќе игра против Детонит Плачковица во баражот за опстанок, а Македонија ЃП и Брегалница испаѓаат во Втората лига.

33. коло:
Брера – Македонија ЃП 5:3
Брегалница – Силекс 1:1
Работнички – Шкендија 0:2
Струга – Шкупи 1:2
Вардар – Тиквеш 2:2
Воска – Гостивар 1:1

Конечна табела: Струга 64 бодови, Шкендија 64, Шкупи 62, Тиквеш 44, Силекс 43, Гостивар 42, Брера 42, Работнички 42, Воска 42, Вардар 37, Македонија ЃП 29, Брегалница 28.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари