Утрински Весник
Македонија

Струга домаќин на деветтото издание на филмскиот фестивал „Дрим Шорт“

508703480 1276635214470277 7314986332720435530 n e1754553982764.jpg

Во Струга денеска започнува деветтото издание на интернационалниот филмски фестивал „Дрим Шорт“, кој ќе се одржи на повеќе локации низ градот, вклучувајќи го Паркот на поезијата, Јуроп Хаус, кафе-бар Дуќан, мезе баровите Барабар и Кингстон.

Фестивалот кој ќе трае до 10 август ќе понуди четиридневна програма исполнета со инспиративни филмски проекции, дискусии и музички настани. Годинава, публиката ќе има ретка можност да се сретне со еден од најзначајните кинематографи во светот, Флоријан Хофмајстер, како и со македонскиот актер Никола Ристановски, кој ќе одржи мастерклас.


Во рамки на фестивалот ќе се прикажат филмови во пет натпреварувачки категории: Меѓународна, Регионална, Национална, Студентска и Специјална програма „Соочување со минатото“, реализирана во соработка со ПроПис Северна Македонија. Жирито го сочинуваат истакнати филмски професионалци: Јелена Јованова, Никола Ристановски, Гвидо Казале и Бранко Ристовски.

Покрај натпреварувачката програма, фестивалот нуди и ревијални проекции, меѓу кои Вечер на холандски филм, еколошка програма во соработка со Еко Свест и специјална ВР програма на кратки филмови.

Музичката ОФФ програма ќе ја претстави македонската електронска сцена со диџеј сетови на Андреја Салпе и Андреј Мицајков.

Фестивалот е поддржан од бројни партнери и спонзори, меѓу кои ПроПис Северна Македонија, Агенцијата за филм, Холандската амбасада, Општина Струга и други локални институции и бизниси.

Можете да прочитате

Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување

Мега Парк или Мега депонија? – Децата во Ново Село играат врз еколошка бомба

ЦУК: Од вкупно 34 пожари на отворено, два сè уште се активни, а четири се под контрола