Физиотерапевтот, 64-годишната Лори Ален од Лахаина, хавајски град кој речиси го избришаа пожарите, е во критична состојба откако се обидела да и помогне на сосетката да избега од нејзиниот дом.
Perry and Laurie Allen – Maui Fire Victims UPDATE
https://t.co/Rswu1CKJmz— Fear God not Man (@FrantzFrantz15) August 11, 2023
Ален се здобила со изгореници на шеесет отсто од телото.
Државните власти потврдија дека во пожарот загинале 55 лица, но се очекува бројката да биде поголема, бидејќи стотици луѓе се уште се водат како исчезнати. Исто така, според гувернерот Џош Грин, околу 1.000 објекти биле уништени или оштетени.
Лори Ален итно била пренесена во болницата Штрауб во Оаху, а од четвртокот е на интензивна нега. Заедно со сопругот Пери, брачната двојка во пожарот загуби имот вреден 1,3 милиони долари.
Пени Ален-Худ, сестрата на Пери, потврди дека Лори е во критична состојба и дека започнала кампања за собирање пари, за да обезбеди живеалиште за нејзиниот брат и снаа.
„Состојбата на Лора и понатаму е критична. „Ми кажаа дека причината поради која не побегнала веднаш е затоа што и помагала на нивната постара газдарица од која ја изнајмиле куќата, да побегне“, изјавила Пени.
Досега се собрани повеќе од 13.000 долари, а целта е 30.000 долари.
Стотици жители и туристи се уште се водат како исчезнати, а сателитски снимки покажуваат дека брегот на островот е целосно уништен.