Утрински Весник
Балкан

Страшна глетка во близина на Ниш: Новороденче пронајдено во контејнер

Bebe Noga 960x640 1.jpg

Новороденче е пронајдено во контејнер во селото Малошиште кај Дољевац. Плачот на бебенцето го чул минувач којшто ја алармирал Итната помош, јавува Република. рс.

Педијатарот во Домот за здравје, Милош Богословиќ вели дека 16 години е лекар и ова е една од најпотресните ситуации со кои се соочил бидејќи е татко на две деца.


Од полициската управа во Ниш за „Танјуг“ потврдија дека бебето е во стабилна состојба.

Педијатарот рече дека бебето е здраво, тешко 2.950 грама, а станува збор за девојче.

Неофицијално, според пишувањата на дел од српските медиуми, мајката го фрлила новороденчето во контејнерот, и е пронајдена.

Се истражуваат сите околности на овој настан, а известено е и Основното јавно обвинителство Ниш, јавуваат српските медиуми.

Можете да прочитате

Речиси две третини од понудувачите и 85 проценти од граѓаните во Србија веруваат дека има корупција во јавните набавки

Во невремето во Хрватска оштетени 40 основни и средни училишта, како и 24 градинки

На атинскиот аеродром запленети 43 килограми шверцувани хавански пури во вредност од 440.000 евра