Утрински Весник
Економија

Странски инвеститори со пофалба за работата на македонската царина

царина

Странските компании и инвеститори во Царинската управа на Македонија гледаат партнер и сојузник и изразуваат задоволство од досегашната соработка со македонската царина.

Според генералниот директор на Дрекслрмајер Македонија Лукас Мирингер, царината и нејзиниот професионален однос игра важна улога за задржување, но и проширување на странските инвестиции.

„Од основањето на Дрекслмајер Македонија во 2012 година, воспоставивме добра соработка со Царинската управа која ја одржуваме изминативе дванаесет години. Како германски инвеститор и снабдувач на премиум автомобилската индустрија, горди сме што имаме можност да дадеме значаен придонес за економскиот развој. Нашата долгогодишна соработка, која се карактеризира со одговорност и меѓусебна доверба, претставува цврста основа за Дрекслмајер Македонија и понатаму да продолжи успешно да испишува автомобилска историја во земјава“, посочил Мирингер на средбата со првиот човек на Царинската управа, Стефан Богоев.

Богоев пак, го информирал генералниот директор Мирингер за работата на Царината, истакнувајќи дека целта на сите мерки и активности што ги презема Царината во моментов е олеснување на трговијата и забрзување на транспортот со цел зголемување на конкурентноста на компаниите на меѓународниот пазар, а тоа, според Богоев ќе резултира со поголеми приходи во Буџетот и повеќе пари за инфраструктура.

Дрекслмајер е една од компаниите кои имаат и статус на овластен економски оператор. Од таму велат дека стекнувањето на ваков статус за компанијата значи поедноставување на постапките, забрзување на протокот на стока, како и олеснување на трговијата и одржување на константно ниво на безбедност.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија