Утрински Весник
Свет

Странците ќе мора да ги пријават љубовните врски со Палестинците во Израел?

Странците ќе мора да ги пријават љубовните врски со Палестинците во Израел?

Според новите правила, странците кои доаѓаат на Западниот Брег ќе мора да му се изјаснат на Израел дали се во романтична врска со Палестинците кои живеат таму, заедно со цела низа други ограничувања што ќе им го отежнат влезот, пишуваат израелските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Правилата, кои важат не само за оние кои доаѓаат во еврејските населби на окупираниот Западен Брег, ќе стапат на сила во понеделник, бидејќи двапати беа одложени.

Тие се подготвени од одделот COGAT во израелското Министерство за одбрана задолжен за палестинските цивилни прашања, јавуваат израелските медиуми.

Странец кој е оженет со Палестинка, оној кој планира да се ожени со Палестинка или почнува да излегува, мора да го извести тој оддел.

Ако врската започне по пристигнувањето на странците на Западниот Брег, тие мора да ги известат израелските власти во рок од 30 дена од нивната свршувачка, брак или заеднички живот, што и да се случи прво, пренесуваат медиумите.

Дополнително, според написите, мора да се поднесе барање до палестинската управа за официјализирање на статусот. Доколку статусот не се формализира во рок од 90 дена, израелската дозвола истекува и странецот мора веднаш да ја напушти земјата.

Во извештаите е наведено дека без разлика на формализирањето на статусот, израелската дозвола може да биде продолжена до 27 месеци, по што странецот мора да замине на шест месеци.

Според правилата, имателите на странски пасоши, вклучително и Палестинците кои живеат во странство, кои планираат да го посетат Западниот Брег, повеќе нема да можат да добиваат визи по пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Израел во близина на Тел Авив, но мора да аплицираат 45 дена однапред.

Новите мерки, исто така, во голема мера ќе ја ограничат можноста странците да студираат на Западниот Брег, да волонтираат да работат таму, што е голем удар за програмите за размена што ги води ЕУ, меѓу другото, анализираат тамошните медиуми.

Илјадници палестински семејства ќе бидат лишени од правото да живеат заедно без прекин и да водат нормален семеен живот, предупреди израелската организација за човекови права Хамокед, која ги обжали мерките до Врховниот суд на Израел.

Канадскиот лекар Бенџамин Томпсон оценил дека ваквиот потег на Израел ќе ја попречи работата на здравствените работници и ќе ги оштети животите на палестинскиот народ.

Ограничувања има и за програмите за академска размена, според кои само 150 професори и 100 студенти ќе можат да доаѓаат на палестинските универзитети секоја година, јавуваат агенциите.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70