Утрински Весник
Магазин

Страдате од пролетен замор, eве кои се симптомите

222687 Umorna Zena Iff.jpg

Пролетниот замор не е мит. Со доаѓањето на убавото време, повисоките температури и варијации во распоредот и начинот на живот, многу луѓе почнуваат да забележуваат симптоми на пролетна астенија. Тоа е привремено чувство на замор, и физички и интелектуален.

„Пролетната астенија речиси секогаш е во корелација со пролетната сезона и најмногу е поврзана со промените во температурата, зголемената топлина, промените во атмосферскиот притисок“, вели Алберта Сакристана, доктор по семејна медицина, за Mарка.

Два отсто од населението страда од пролетен замор

Д-р. Сакристана додава дека во овој момент 10 до 20 отсто од пациентите се жалат на пролетен замор.

„Тоа е малку почесто на возраст од 20 до 50 години. Генерално се смета дека два отсто од населението страда од пролетен замор“, открива докторката.

Како што посочува, главниот симптом кој ја дефинира состојбата е тоа што пациентот не може да направи ништо.

“Тоа е замор и исцрпеност кои обично се појавуваат наутро. Друг симптом, особено кај жените, е главоболката. Има и болки во зглобовите, тешкотии со концентрирање на работа или учење”, објаснува таа.

Не прескокнувајте оброци

Што се однесува до третманот, др. Сакристана препорачува физичка активност, сон и здрава и урамнотежена исхрана.

„Тоа се три основни столба. Препорачувам и намалување на стресот, вежби на отворено, утрински вежби за дишење, усвојување позитивен став на работа и намалување на токсичните навики како што се консумирање алкохол и пушење. Не прескокнувајте оброци“, заклучи таа.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста