Утрински Весник
Свет

Стотици ЛГБТК+ католици на поклонение во Рим

Papap.webp.webp

 Стотици католици од ЛГБТК+ заедницата, заедно со членовите на нивните семејства, учествуваа денеска на поклонение во Рим по повод Светата или Јубилејната година, посветена на надежта.

Тие го прославија зголеменото прифаќање на нивната заедница во Католичката црква, припишувајќи ја промената на поранешниот папа Франциск.


Миса за аџиите служеше бискупот Франческо Савино, потпретседател на Италијанската бискупска конференција, во преполна jeзуитска црква во Рим. Неговите зборови за јубилејните години како време за простување долгови и враќање надеж на маргинализираните беа поздравени со овации.

Поклонението, организирано од италијанската организација „Jonathan’s Tent“ и американската група „Outreach“, основана од jeзуитскиот свештеник Џејмс Мартин, беше вклучено во официјалниот календар на Ватикан за Светата година, иако организаторите нагласија дека тоа не имплицира поддршка или спонзорство од Ватикан.

Можете да прочитате

Путин: Западните сили во Украина ќе бидат легитимни цели за уништување

Израел уништи уште една станбена кула во градот Газа

Трамп дозволи одржување UFC настан пред Белата куќа