
Стотици илјади млади луѓе се собраа денеска на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, еден ден по погребот на папата Франциск, на уште една церемонија одржана во текот на вториот од деветте официјални дена на жалост за Римокатоличката црква.
По вчерашниот ден кога на погребот присуствуваа светски лидери, денеска огромниот плоштад и околните улици беа исполнети, според италијанската полиција, од претежно од млади луѓе – околу 200.000 , објави Ројтерс.
ADVERTISING
Посетителите уште рано утрото чекаа во редици, многу пред да се отвори базиликата во 7 часот и црквата брзо се наполни по отворањето на вратите. Властите ги повикаа луѓето да заминат веднаш штом ќе ја видат гробницата, бидејќи илјадници други чекаат надвор за да влезат.
Тие му оддадоа почит на папата Франциск, кој почина на 21 април на 89-годишна возраст, по 12 години водење на Римокатоличката црква, која има 1,4 милијарди верници.