Поранешниот американски претседател Доналд Трамп можеби имаше најлош ден досега… но, Сторми Даниелс го имаше својот најдобар ден на популарната веб-страница за порнографија.
Извори од „Порнхаб“ рекоа за ТМЗ дека апсењето на Доналд бил вистински бум за видеата на Сторми за возрасни, со голем скок на пребарувања на нејзините порнофилмови.
Прегледите нагло се зголемиле додека Трамп бил во притвор.
ТМЗ дознава дека корисниците на „Порнхаб“ ја пребарале Сторми повеќе од 650.000 пати во вторникот… тоа е неверојатна бројка сама по себе, но кога ќе се спореди со нејзиниот дневен просек на пребарување во првите три месеци од годината, испаѓа неверојатно зголемување од 32.400 %.
Се чини дека постои голем интерес зошто Трамп наводно имал афера токму со неа.
„Нурнувајќи подлабоко во бројките… до 13 часот по средноевропско време, додека луѓето ја чекаа поворката на Трамп да пристигне во Кривичниот суд на Менхетн, пребарувањата биле шестпати повеќе од нормалното ниво… што обично не е пикот на напалени часови“, тврди веб-страницата.
Трамп е обвинет дека ѝ платил на Сторми 130.000 долари за да молчи за наводната афера.