Утрински Весник
Свет

Сторми Даниелс:Добивам смртни закани, се плашам сама да одам во тоалет

Сторми за Трамп: Мислам дека неговите злосторства против мене не вредат затвор
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Порно ѕвездата Сторми Даниелс откри дека добивала „пореметени“ смртни закани од приврзаниците на МАГА (Слоганот на Трамп – да ја направиме Америка повторно голема), кои ги спореди со бомбаши самоубијци, бидејќи на нивниот лидер Доналд Трамп му се суди за тоа што ѝ дал пари за да молчи за нивната наводна врска, во пресрет на изборите во 2016 година.

dobivaj vesti na viber

Даниелс во интервју за „Фокс“ вели дека заканите станале уште пострашни, бидејќи Трамп може да се соочи со затворска казна доколку судот на Менхетен го прогласи за виновен.

„Тие (приврзаниците) суштински чувствуваат дека прават нешто добро. Дека се патриоти. И сега тоа го прават во стил на бомбаш самоубиец. Тие искрено, во длабочините на душата, веруваат дека прават нешто добро“, рече Сторми.

Таа додаде дека и претходно добивала закани поради нејзината работа во порно индустријата, но заканите драстично се зголемиле по веста дека добила 130.000 долари од соработниците на Трамп за да молчи, која излезе во јавноста во 2018 година.

Даниелс тврди дека имала афера со Трамп во 2006 година, што поранешниот претседател категорично го негираше.

„На почетокот ми рекоа дека сум лажга и други навреди“, рече таа за заканите во 2018 година, како и дека на почетокот една од 100 закани била смртна, а сега една од 10.

На прашањето дали заканите имаат влијание врз нејзиниот секојдневен живот, таа рече дека ја изгубила независноста и дека заканите добиле замав и дека се плаши сама да оди во тоалет.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски