Утрински Весник
Спорт

Стопирана е продажбата на Манчестер јунајтед

Стопирана е продажбата на Манчестер јунајтед

Семејството Глејзер, во чија сопственост се наоѓа Манчестер јунајтед, во мирување ја стави одлуката за продажба на клубот. Анонимни извори од Англија тврдат дека причината за ваквата одлука е несогласувањето во семејството Глејзер кога станува збор за цената.

dobivaj vesti na viber

Шесмина од семејството Глејзер ги поседуваат акциите на Манчестер јунајтед, неколкумина од нив мислат дека сумата која е понудена за клубот е ниска.

Катарскиот шеик шеикот Јасин ал Тани понуди шест милијарди фунти за да стане газда на клубот. Понуда за купување на Манчестер јунајтед испрати и најбогатиот Британец Сер Џим Ретклиф.

За разлика од шеикот Ал Тани, Ретклиф сака да го поседува мнозинскиот пакет на акции.

Семејството Глејзер, наводно има и понуди за инвестиции, односно да останат во клубот и да продадат малцински дел од акциите кои би се вложиле во стадионот и уредување на комплетната инфраструктура.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ