Утрински Весник
Македонија

„Стоп за Усје“ ги објави барањата за чист воздух и транспарентност на загадувањето

0efd0998 548c 4d1b 9cef ed055dedf902.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги претстави своите заеднички барања, кои се изработени во отворена соработка со сите граѓани што се вклучија во акцијата. Иницијативата најави дека овие барања ќе бидат официјално доставени до надлежните институции за понатамошно разгледување и постапување.

Барањата се следните:

-Мерната станица кај Усје, поставена од Општина Кисела Вода во 2023 година, да почне со континуирано 24/7 мерење и јавно прикажување на податоците во реално време. Податоците да бидат интегрирани со сите јавни апликации за квалитет на воздухот (на пример AirCare), наместо досегашното парцијално објавување преку ПДФ документи. Дополнително, да се постават повеќе мерни станици во поширокиот простор околу Усје за транспарентно следење на загадувањето.

-Усје да инсталира автоматски CEMS (Continuous Emissions Monitoring System), директно поврзан со МЖСПП, кој ќе обезбедува континуирано следење и автоматски аларм при загадување над дозволеното. При секое прекршување веднаш да се изрекува казна, вклучително и привремена забрана за работа. Податоците од CEMS мерењата да бидат достапни 24/7 за јавноста.

-Да се ревидираат постојните мерки за прогласување вонредна еко-состојба, така што при температурна инверзија и надминување на граничните вредности на загадување, автоматски да стапи мерка за целосен стоп на работата на Усје, вклучително и рудниците, за сите иматели на интегрирана А-дозвола.

-Граничните вредности за ПМ10, ПМ2.5, NO₂ и други загадувачи да се усогласат со препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и да се заострат во однос на сегашните стандарди.

– Целосно елиминирање на употребата на високо-загадувачки горива во производниот процес и премин кон почисти енергенси, како природен гас или водород.

-Акредитација на државната лабораторија за мерење на аерозагадувањето.

-Запирање на активностите на рудникот за лапорец.

-Строго почитување на сите мерки предвидени во интегрираната А-дозвола за спречување на фугитивната прашина.

-Поништување на одредбата за „деловна тајна“ од Законот за контрола на индустриски емисии, за целосна транспарентност кон јавноста.

Можете да прочитате

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа кај Брвеница