Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Ердоган го поддржа влезот на Шведска во НАТО

Столтенберг: Ердоган го поддржа влезот на Шведска во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поддржал влезот на Шведска во тој воен сојуз.

dobivaj vesti na viber

Столтенберг ја објави оваа вест на Твитер, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Претседателот Ердоган се согласи да го проследи протоколот за пристапување на Шведска до Големото национално собрание што е можно поскоро и да обезбеди ратификација. Ова е историски чекор што ги прави сите сојузници на НАТО посилни и побезбедни“, напиша генералниот секретар на НАТО.

„Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган јасно стави до знаење дека Турција е подготвена да го ратификува членството на Шведска“, рекол Столтенберг на прес-конференција, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.

Како што јави СВТ, генералниот секретар на НАТО додал дека Шведска го променила Уставот и ги зајакнала мерките против тероризмот.

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари