Украина ќе стане членка на НАТО, но тоа е долгорочна перспектива, изјави денеска генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, при посетата на Финска.
„Земјите на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на алијансата, но ова е и долгорочна перспектива“, рече Столтенберг повикувајќи да се изгради рамка за да се избегне каква било нова инвазија во иднина.
Столтенберг е во посета на Финска, која аплицира за влез во НАТО.