Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека прекинот на бунтот на руската воена организација „Вагнер“ покажал дека Русија направила стратешка грешка со војувањето против Украина.
„Настаните за време на викендот се внатрешно прашање на Русија и уште една демонстрација на голема стратешка грешка што ја направи претседателот Владимир Путин со неговата илегална анексија на Крим и војната против Украина“, изјави Столтенберг за новинарите за време на посетата на главниот град на Литванија, Вилнус.
Столтенберг истакна дека сега е уште поважно НАТО и неговите партнери да продолжат да ја поддржуваат Украина, пренесе Ројтерс.