Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Активностите на руската армија на Арктикот се предизвик за НАТО

Столтенберг: Активностите на руската армија на Арктикот се предизвик за НАТО

Руските активности во арктичкиот регион претставуваат стратешки предизвик за НАТО и Алијансата мора да го зајакне сојузничкото присуство на Арктикот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на неговата посета на Канада.

dobivaj vesti na viber

„Далечниот север од планетата е сè поважен за НАТО и за Канада, бидејќи гледаме значително зголемување на руската армија на Арктикот, со нови бази, нови системи за оружје“, рече Столтенберг во присуство на канадскиот премиер Џастин Трудо во Колд Лејк, во канадската провинција Алберта, е Ројтерс.

Канадскиот премиер додаде дека геополитичката ситуација е променета во последните месеци, поради што вели дека признава дека „Русија е растечка загриженост и дека е дојдено време сето ова да се сподели со генералниот секретар на НАТО“, сојуз што ја вклучува и Канада.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ