Утрински Весник
Свет

Столтенберг ја одобрува украинската офанзива во Русија, тврди дека НАТО не учествува и не ја планирал

Stoltenberg.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека ја одобрува офанзивата на Украина во регионот Курск во Русија, наведувајќи го правото на Киев да се брани.

– Руските војници, тенкови и воени бази се легитимни цели според меѓународното право, вели Столтенберг за германскиот весник „Ди Велт“.

Правото на самоодбрана на Украина, која беше нападната од Русија пред повеќе од 900 дена, „не застанува на границата“, смета генералниот секретар на НАТО.

Според него, украинската контраофанзива не била планирана со НАТО и Алијансата нема никаква улога.

– Сепак, НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина со снабдување со оружје и опрема од витално значење за да се спречи руската инвазија, додаде Столтенберг.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп