Утрински Весник
Македонија

Стокомак објави колкав К-15 ќе исплати годинава – Го надмина и КАМ маркет

Parite 37qcim4nwd2wawdd6qyxhc 960x528 1.jpg

🟡📣 И оваа година, Стокомак го зголемува својот регрес во знак на благодарност за трудот на своите посветени вработени!

Во духот на континуирана грижа и почит кон трудот на нашите вработени, Стокомак со гордост ја информира јавноста дека оваа година секој вработен ќе му биде исплатен регрес со износ од 47.000 денари.


Оваа одлука претставува наш начин да ја наградиме посветеноста, трудот, и континуираниот придонес на нашите вработени. Во време на економски предизвици, веруваме дека поддршката и сигурноста што им ја нудиме на нашите вработени се поважни од кога било.

Покрај оваа значајна поддршка, Стокомак и понатаму ја одржува традицијата на доделување летен сет и верски бонус за сите вработени – практики кои веќе со години се дел од нашата корпоративна култура и грижа за вработените.

Веруваме дека зад секој успех стојат луѓето кои даваат сѐ од себе секој ден. Затоа, Стокомак останува посветен на создавање стабилна, мотивирачка и фер работна средина, каде што грижата за вработените е приоритет, а успехот заеднички се гради. 👏💼

Можете да прочитате

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор