Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Каде е текстот на Декларацијата за Илинден- се исплаши СДС или доби забрана за ваков документ

Стоилковски: Каде е текстот на Декларацијата за Илинден- се исплаши СДС или доби забрана за ваков документ

Каде е текстот на Декларацијата за Илинден што го најави Социјалдемократскиот сојуз, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

„Најавија Декларација во чест на 120 години Илинденско востание. Помина Илинден, ќе помине и Август, ни буква нема, а не пак собраниска седница за Декларација за Илинден од СДС! Во меѓувреме, премиер на Бугарија зборува за бугарски карактер на Илинденското востание и на востаниците, како и дека крајната цел на Илинденското востание било присоединување со Бугарија како идеал оставен за иднината и за младината“, рече Стоилковски.

Додаде дека СДСМ се сокрило со текстот за Декларацијата за Илинден, ниту го објавиле, ниту го пратиле до ВМРО-ДПМНЕ барајќи консензус и унисоност за нејзино изгласување во Парламентот, ниту пак до утринава може да се најде во собраниските документи објавени на интернет.

„Се исплаши ли СДС или доби забрана да се изгласа Декларација за Илинден како македонски столб на државноста? Подвлекувам, беше најавена Декларација по повод 120 години Илинденско востание“, додаде Стоилковски.

Можете да прочитате

СДСМ: 150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски

Хрватска државјанка во Кавадарци пијана со нож го прободела својот сопруг

Македонија во жолта и портокалова фаза: Обилни врнежи и можни поплави