Утрински Весник
Македонија

Стоилковиќ: Мојата ќерка магистрираше на престижната академија „Сколково“ во Москва

580646822 18376174408145989 9083077299086771850 n.jpg

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук сподели дека неговата ќерка, Сандра Стоилковиќ, успешно ги завршила магистерските студии по бизнис администрација на престижната светска академија за бизнис менаџмент „Сколково“ во Москва.

Стоилковиќ посочи дека Сандра во ноември 2023 година се запишала на мастер студиите, а во јуни годинава се стекнала со титула Мастер по бизнис администрација. Ова е нејзина втора магистерска диплома, по онаа од Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО), каде дипломирала со т.н. „црвена диплома“ — признание за најуспешните студенти.


Во објавата министерот откри и дека неговата ќерка од 2024 година работи како надворешен менаџер за бизнис партнерства во КОКОЦ ГРУП, меѓународна платформа која развива решенија за глобален бизнис развој.

„Ова се јавно достапни информации и не ми е јасно кому и зошто му се потребни инсинуации. Ако е и од Цивил, премногу е“, напиша Стоилковиќ во својата објава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Поранешен градоначалник одбил функција во СДСМ

Николоски: Градежништвото и транспортот растат, крупните проекти одлично се работат

СДСМ: 130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања, оставка од Трипуновски