Утрински Весник
Спорт

Стојановски успешно опериран – 24info.mk

438159793 928637262507841 8067279677635688044 N.jpg

Првотимецот на фудбалскиот прволигаш Работнички Влатко Стојановски по повреда на ахиловата тетива во неделното дерби со Вардар е опериран, соопшти клубот од Градскиот Парк. Во соопштението се наведува дека Стојановски успешно бил опериран и наскоро ќе почне со рехабилитација, но го чека повеќемесечна пауза. „Напаѓачот на Работнички, Влатко Стојановски, денеска е опериран по повредата на Ахиловата тетива на натпреварот против Вардар. Хируршкиот зафат успешно го изведе д-р Несторовски во Градската општа болница „8 Септември“. 🫵 Влатче, ти посакуваме брзо опоравување и те чекаме да ни се вратиш на терен… 💪“, објави ФК Работнички.  Поранешниот македонски репрезентативец Стојановски оваа сезона настапи на 18 меча за „романтичарите“ и постигна два гола.

Можете да прочитате

Почина Ѓорѓи Божиноски, еден од основачите и спортски директор на КК Гостивар

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

Рибакина ќе се соочи со Сабаленка во финалето на Индијан Велс