Утрински Весник
Македонија

Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Ковачевски ја избраа фирмата на Димитријевиќ, кој во Ерменија е обвинет за измама при надзор

Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Ковачевски ја избраа фирмата на Димитријевиќ, кој во Ерменија е обвинет за измама при надзор

Груби и Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги кои ги пласираа за да го оправдаат изборот на Конзорциумот ИРД-ЕПТИСА-Електра Солушн-Евро Консалтинг. Конзорциумот е целосно компромитиран и изборот треба да се поништи, рече пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

dobivaj vesti na viber

-Фирмата Евро Консалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ. И тој е сопственик во истата од нејзиното основање до денес, во ниту еден момент не излегол од истата. Димитријевиќ е обвинет во Ерменија за криминал при надзор, се товари за измама од голем обем. Според информациите кои ги објавија медиумите тој е обвинет дека извршил измама во вредност од 1,8 милиони долари, како тим лидер на француско-шпанскиот конзорциум „Савеж-Ептиса“, кој вршел надзор на развојот и спроведувањето на проектот патен коридор Север – југ во периодот од 2009 до 2018 година,- рече Стојаноски.

Според него, Бранимир Димитријевиќ од Ерменија побегнал со помош на тројца македонски дипломати, кои со приватен авион и дипломатски пасоши во 2019 година го извлекле од Ерменија, по што по него била распишана меѓународна потерница.

Во 2019 година на власт во Македонија е СДС и ДУИ, истите партии кои сега му даваат бизнис од 22 милиони евра на Димитријевиќ.

Според Стојаноски, Груби и Ковачевски со изборот на надзорот го ставаат во ризик и Бехтел и меѓународната репутација на Македонија. Затоа, според партијата, потребно е итно изборот да биде поништен и да се распише нов оглас, кој ќе обезбеди компетитивност помеѓу понудувачите и отвореност на постапката, без да биде загрозен националниот интерес, буџетот или репутацијата на државата.

Можете да прочитате

Цеца го рашири Македонско знаме од кутлеш на сред концерт во Врање!

Прекинат сообраќајот на патот Струга–Ќафасан поради излетан камион

(Видео) И „Македонија пат“ води борба со снегот во април