Утрински Весник
Македонија

Стојаноски: Ние не поддржуваме уставни промени, на јавноста и е преку глава од замајувањето и тезите на ДУИ

(Видео) Стојаноски: ЈО да отвори случај и да утврди како Електра Солушн која немала ниту лиценца кога бил распишан тендерот за надзор потоа и го добива

„Досадни се и неинвентивни одамна. Тезите им се како владеењето, слаби, потпросечни, со дупки. Но затоа пак истовремено се и арогантни исто како и лоповлукот што го демонстрираат“, изјави пратеникот Бојан Стојаноски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

Доста јавноста ја замајуваат со истите финти од типот дали Алијанса влегува во владата и сега кој има пратеници за уставни измени. Во меѓувреме умира 6 годишно девојче а тие заташкуваат истрага кој е виновен, Стејт Департмент ги прогласи за корумпирани, крах се случува во секоја сфера. Мафијашки пресметки како див запад станавме, рече Стојаноски.

Тој потенцира дека нема 1 задоволен во земјава од власта, како и дека има невидена скапотија, инфлација, а дека власта мисли дека ќе дефокусира од реалните проблеми на граѓаните и дека ќе  замајува со тоа дали пратеници од овде или онде ќе гласале за промена на Уставот.

– Еве да ја затвориме темата нека стават на гласање и во еден ден ќе се види се, кој има пратеници и колку пратеници поддржуваат одредена идеја. На народот му е преку глава од вакви нивни превирања и надмудрувања и затоа сметам дека е потребна работа и решавање на проблеми а не измислување и замајување јавност, изјави Стојаноски.

Можете да прочитате

Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин

Променливо облачно со повремен локален дожд

Kрис Павловски за премиерот Мицкоски: Одлична личност и домаќин кој прифаќа идеи