Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Стојаноски: Мнозинството ги одби нашите предлози за помош на граѓаните

Стојаноски: Мнозинството ги одби нашите предлози за помош на граѓаните
300x250 opst2

После десеттина денови молк, пратениците на СДСМ и ДУИ во текот на вчерашниот ден се одважија и без срам ги одбија предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ за помош на граѓаните, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Образложи дека со нивните предлог мерки се предвидувала финансиска поддршка од 3000 денари месечно до крајот на април за самохраните родители, средношколците, пензионерите, невработените лица кои се активни баратели на работа, сите деца без родители и родителска грижа и сите корисници на гарантирана минимална помош.

„Пакетот што го достави Владата до Собранието не е над 300 милиони евра, туку помалку од 20 милиони евра, а голем број на граѓани се заборавени. Во услови на галопирачка инфлација од 20%, кога храната е поскапена за над 30%, буџет од 5,3 милијарди евра за идната година, сметаме дека е навреда пратениците од власта да не соберат храброст барем на лицата со телесни оштетувања да им се зголеми поддршката од 750 на 1500 денари“, рече Стојаноски.

Според него, пратениците на ДУИ и СДСМ не се народни претставници, туку се слепи послушници на Владата.

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ