Утрински Весник
Македонија

Стојаноски: Македонија мора да се развива –  Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе дигитализација на услугите и користење на ПејПал

Bojan10022024.jpg

Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето ќе преземе чекори и мерки за економска трансформација на Македонија.
Како идна влада се обврзуваме да ги тргнеме бирократските бариери. Даночната администрација и државните службеници ќе бидат служба на граѓаните и бизнисот. Ќе се спроведе дигитализација и поедностави постапки.
Недозволиво е граѓани да чекаат за услуга од УЈП и по неколку дена или да треба да вртат телефони да им се заврши работа.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи користење на ПејПал сервисот во Македонија, негова интеграција, како и овозможување на работа на слични сервиси и институции за електронско плаќање, а се со цел да им се поедностави функционирањето на младите фриленсери и програмери кои работат за странство и остваруваат значаен девизен обрт. Со интеграција на тие системи во нашиот систем, тие ќе може легално да ги добиваат своите пари во Македонија и за нив да платат данок.
ВМРО-ДПМНЕ има сериозен пристап со мерки кои ќе ја запрат инфлацијата, ќе го забрзаат растот и развојот.
Еден од клучните постулати на идната влада е данок на добивка од 5% за фирмите со добивка од над 50 милиони. Со оваа мерка ќе мотивираме голем број на мултинационални компании да ги префрлат своите профитни центри во Македонија и тука да го платат својот данок. Бенефит од оваа мерка ќе имаат и Македонските компании кои ќе инвестираат во себе и ќе постигнат добивки над 50 милиони евра. Фирмите со добивка од 20 до 30 милиони данокот ќе биде 8%, а за фирмите со добивка од 30 до 50 милиони истиот ќе биде 6%.

Вредно е да се напомене дека во целиот период од 4 години, мандат на владата, ќе бидат алоцирани 1 милијарда евра кон општините за инфраструктурни проекти, со цел рамномерен економски развој.
Сите мерки ќе бидат насочени кон општ развој, а не како сега, кога економијата тоне.
Македонија мора да фати чекор со развиените држави, Македонија може многу подобро од тоа што е сега.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ