Утрински Весник
Македонија

Стојаноски: Контролите констатирале голем број нерегуларности при јавни набавки на многу клини и здравствени домови

Sto Anoski 1.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Бојан Стојаноски, ВМРО-ДПМНЕ

Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДС и ДУИ во здравството гледале бизнис.

Злоупотребувани се јавните набавки во ЈЗУ и клиниките. Покрај матните тендери на Филипче на централно ниво, за кои јавноста е запознаена, злоупотреби се правени низ поголемиот број на ЈЗУ.

Од извршените целосни финансиски контроли во 24 ЈЗУ за 2023 година, кај 19 ЈЗУ се утврдени неправилности во делот на контролата на спроведувањето на постапките за јавни набавки.

Лоцираните неправилности се во следните ЈЗУ: УК за максилофацијална хирургија – Скопје, Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Ресен, Здравствен дом – Струга, УК за урологија – Скопје, УИ за радиологија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Здравствен дом – Делчево, Здравствен дом – Демир Хисар, Институт за јавно здравје – Скопје, Општа болница – Струга, Здравствен дом – Велес, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар, Центар за јавно здравје – Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо” – Охрид, Здравствен дом – Пробиштип. 

Неправилностите во здравството, го метастазирале системот. Злоупотребите излегуваат на површина, одговорност ќе има.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор