Утрински Весник
Македонија

Стојаноски: Доаѓаат убави вести за македонскиот земјоделец

Fb img 1749154097459.jpg

Пратеникот Бојан Стојаноски објави дека заедно со колегите Ели Панова и Љупчо Пренџов имале одличен состанок со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

На состанокот разговарале со министерот за неколку клучни законски решенија кои ќе генерираат сериозни реформи во македонското земјоделие.


-️ Доаѓаат убави вести за македонскиот земјоделец. Поразговаравме и за одличните можности за македонските земјоделци кои можат да ги користат по усвојувањето на новиот Закон за сезонска и привремена работа. Министерот Трипуновски директно беше вклучен во пишувањето на овој Закон кој прв пат во историјата на нашата држава дозволува земјоделците да ангажираат работници за нивните потреби и за тоа да ги покријат придонесите ! Ангажманот може да трае 180 денови во текот на годината. Остануваме партнери на граѓаните, продолжуваат убавите вести, објави Стојаноски.

Можете да прочитате

Николоски: Судството и обвинителството целосно потфрлаат

National Geographic ја издвојува Македонија како најдобра дестинација за гастрономија на Балканот

Невреме со град и силен дожд го зафати попладнево Дојран