Утрински Весник
Македонија

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи викенди без ДДВ

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи викенди без ДДВ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ во текот на денешниот ден ќе поднесе предлог закон за викенди без ДДВ до Собранието на Република Македонија, рече денеска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

dobivaj vesti na viber

„Цените на прехранбените производи се зголемени за близу 30% заклучно со септември, а кај поедини производи зголемувањето надминува и 50%. Власта поради високите цени прибира огромни средства од ДДВ и истите ги троши за купување октоподи, бифтеци и златен прибор“ рече пратеничката.

„Со предлог законот на ВМРО ДПМНЕ секој викенд додека трае прогласената кризна состојба, односно до 30 април, бараме да биде викенд без ДДВ за прехранбени производи. Владата може и мора да се откаже од неколку милиони евра кои значително ќе им помогнат на граѓаните да се прехранат. Во текот на вчерашниот ден слушнавме дека мерките што ги најавија за време на викендот, својот ефект ќе го достигнеле во јануари идната година. Предолго е, нема време за чекање, мора да се делува сега и веднаш. Со нашиот предлог закон намалувањето на прехранбените производи ќе биде за 5% уште од овој викенд“ порача Стојаноска.

Таа посочи дека „според предкризни податоци, над 20% е стапката на сиромаштија во Македонија. Со овие стапки на инфлација, кои е прашање кога ќе се намалат, овој процент драстично расте“.

Можете да прочитате

ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ денот почнуваше со скандал и криминал

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража