Утрински Весник
Македонија

Стојанче: Снегот нема да ги изненади институциите

Sneg Put Zima Saobta Aj Hladno.jpg

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска истакна дека државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите со снег. Ваквиот заклучок доаѓа по одржаниот координативен состанок со повеќе државни институции на кој беа разгледани институционалните капацитети за чистење на снегот на патиштата и подготвеноста за благовремено пружање на помош на граѓани околку за тоа се јави потреба.

-Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи капацитетите на ЈП за државни патишта, како и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот на камиони е доволен за територијата на државата, истакна Ангелов.

Додаде дека во случај на потреба на сопирање на сообраќајот на некои критични точки, особено пред превоите, МВР ќе испрати засилени екипи. ДЗС на располагање има два тима со возила со гасеници кои се оспособени да отидат до тешко пристапни терени доколку е потребно да се пружи помош за некој загрозен граѓанин.

-Апелирам граѓаните во претстојниот период да користат зимска опрема, особено зимски гуми и да имаат ланци. Најдобрата препорака е доколку немаат неопходна потреба, да не излегуваат непотребно на патишта каде има превои односно места каде патиштата минуваат на околу 1000 метри надморска височина. Безбедноста да биде на прво место, потенцира директорот на ЦУК.

Ангелов нагласи дека камионите за чистење на снег имаат обезбедено доволна количина на сол и веднаш ќе излезат на терен кога за тоа ќе има потреба.

-Нашите капацитети за чистење на снег воопшто не се за потценување и не се послаби во однос на регионот, нагласи тој.

Директорот на ЦУК додаде и дека далекуводите и трафостаниците редовно се одржуваат.

Можете да прочитате

Законот за „бранителите“ останува блокиран во македонското Собрание

Внимавајте, од утре полицијата казнува за една работа плус

Нов земјотрес ја стресе Македонија вечерва