Утрински Весник
Македонија

Стојанче е способен, затоа сум мирна, вели Давкова за борбата против пожарите

Foto 9 2.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е уверена во, како што рече, способноста на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, и на неговиот тим, како и во подготвеноста на војниците и на пожарникарите во справувањето со пожарите

– Местото на претседателката како врховна командантка е таму каде што има припадници на војската. Утрово рано ја потпишав Одлуката, верувам во нивната способност зашто секогаш кога било најтешко тие се наоѓале на вистинското место. Сe зголемуваат бројот и можностите за ангажман. Јасно ми е зошто е сонцето на нашето знаме, не е само нашата Република во пламен, сиот Балкан е во пламен – истакна Сиљановска-Давкова.

Според неа, сликите се некогаш подраматични од реалноста.

Го слушав Стојанче и неговите предупредувања, мирна сум знаејќи дека генералот зад мене ќе ја преземе командата со војниците. Знаеме дека се работи за врвно едуцирани пилоти, не само вешти, туку и пожртвувани и храбри. Се молам да падне дожд, врвен експерт за климатски промени ми рече дека може да очекуваме дожд, не дека тоа ќе ја реши ситуацијата. Но, таму каде е најопасно имаме луѓе – потенцира претседателката.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации