Од 31 јули до 3 август ќе се одржува овогодишното издание на „Охрид колинг“. Оваа година ново фестивалско издание со комбинација на стари фестивалски фаворити и возбудливи премиери, најавуваат организаторите „Авалон“ продукција.
„Од тропските денс поп-звуци на хитмејкерот Џонас Блу и неговиот прв настап на Балканот, динамичната и заразна продукција на Мортен кој во моментов се наоѓа на врвот од неговата кариера, до возбудливите настапи на легендарниот Стивен Ејоки и лудата енергија на Салвадор Ганачи кој за прв пат дојде во 2018 како анонимен а денес е премиум диџеј кој настапува на сите големи светски фестивали“, велат од Авалон.
Покрај нив, на овогодишниот фестивал ќе настапат и Regard, Sullivan King, Wolfpack, Marten Hørger, SKIY, Cyrillic, Pessto, Divolly & Markward, Jordan John, Invictoz, Delovski, Jana Slayy и Tasev. Во среда (17. мај) во 09:00 часот наутро, на новата мрежа ticketx.mk, започнува продажбата на блок влезниците за сите 4 фестивалски денови по цена од 3.500 ден, 4.500 и 6000 илјади денари. Програмата за секој посебен фестивалски ден како и цената на дневните влезници ќе биде објавена на 12. јуни, додека продажбата на влезници ќе почне на 14. јуни.