Утрински Весник
Македонија

Стевчо Јакимовски му возврати на Борко – Се прашуваш ли дали си достоен да ја извршуаат оваа функција?

Gridart 20250727 133813764 scaled.jpg

Преку објава на социјалните мрежи, министерот за спорт, Борко Ристовски, индиректно ја обвини градоначалничката на Град Скопје за многуте пропусти во организирањето на Младинската олимпијада, а на неговата објава со коментар се приклучи и Стевчо Јакимовски кој го запраша зошто нема резултати и покрај толку инвестиции во спортот кој министерот постојано ги потенцира. Тој го запраша дали можеби причината за тоа е што постојано се наградуваат партиски кадри.

“Борко, гледам многу често ја експлоатираш пресудата од вашата партиска судијка. Мислиш таа ќе ти помогне? Не бе министре. Ако јас одам во затвор, ти нема да бидеш подобар министер. Пак ќе бидеш трупец, каков што си сега. Само што тогаш нема кој да ти кажува.
И така ќе си останеш во фотељата за која што си недостоен четири години и не мене, туку на младите спортисти ќе им потрошиш неколку години и од животот и од кариерата. ТИ треба да одговориш каде и како ги трошите ваучерите? Зошто не даваат ефекти? Се зборува дека ги давате на пријатели и поединци добро мрсат бркови. Логично е да се запрашаме има ли причинско последична врска меѓу ваучерите, фамозната спортска гимназија полна со партиски кадри и немање никаков резултат на овој олимписки фестивал?
Како земја домаќин, учествувавме со 181 натпреварувач, за жал ниту еден блиски до медал. Вчера гледав нашите младинци играа кошарка со Литванија и едно време губеа 70 разлика, по што престанав да гледам. Овие резултати имаат ли врска со политиката во спортот и несоодветно потрошените средства или немаат?
Инаку, во секое твое интервју главна тема ти се капиталните инвестиции и колку од нив си инвестирал. А не освоени медали во спортот. Зошто ги потенцираш капиталните инвестиции и пројавуваш посебен интерес за нив, добро знаеш. Не треба јас да те потсетувам. Имавме Агенција за спорт, а тебе те направивме министер. Се прашуваш ли дали си достоен да ја извршуаат оваа функција? И конечно! Искочи покажи ни ги оценките од средно градежно”, му напиша Јакимовски.


Борко на фејсбук напиша: Денеска цел ден добивам пораки од граѓани со неточни, паушални, па дури и навредливи тврдења кон мене и кон институцијата што ја водам како министер.

Не сакам да споменувам имиња на градоначалници и градоначалнички, имиња кои се веќе завршени приказни во политиката, а некои чекаат и извршување на затворски казни, во контекст на организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ Скопје 2025.

Ќе потсетам дека на прес конференцијата на 6 април посочив дека ова е голем настан од кој спортот треба да има бенефит пред се поради големиот број на македонски учесници. Да потсетам дека од нас помош беше побарана во последните 90-100 дена. Сугерирав дека ние немаме капацитет и моќ, но добивав уверувања дека организаторот ќе се справи со предизвикот.
Тоа што беше побарано од институцијата што јас ја водам како министер беше исполнето во целост!
И пак ќе потсетам дека Министерството за спорт не е официјален организатор на ЕМОФ Скопје 2025! Ако некој треба да сноси одговорност за пропустите во организацијата тоа се оние што ја презедоа одговорноста и обврската да го организираат настанот. Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!
Министерството за спорт ќе продолжи да работи со сите институции во рамките на своите надлености, но нема да молчи пред невистини и обиди за дефокусирање од реалната слика.
Работата не се средува со преписки и со пишување статуси на Фејсбук, туку со соочување со реални факти и аргументи.
Кога некој е неуспешен во некоја работа, најлесно е да пишува по социјалните мрежи и да шири невистини.
СПОРТОТ ЌЕ ЖИВЕЕ!

Можете да прочитате

СДСМ бара да се објават имиња на потпалувачите на пожарите на отворено

СДСМ бара оставка од министерот за спорт Борко Ристовски

Пожарот кај Крива Паланка се шири кон куќите, стигна и до Србија