Утрински Весник
Македонија

Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!

480578025 1169613851217710 6839028062429728293 n.jpg
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од соопштение на ГРОМ:

По вчерашниот настап на Христијан Мицковски, кој повторно се впушти во празни и очајнички лаги, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, остро реагира и му порачува:


„Да беше Пинокио – носот ќе ти удреше во крстот на Водно!“

Христијан Мицковски, по првиот круг на изборите, дојде во Карпош ненајавен, исплашен и во паника.
Меѓу двата круга, не сме се виделе — туку само се слушнавме по телефон, кога лично ми ја даде поддршката.

„Ме молеше. Ако треба и на колена ќе клекнам, само да ја имам вашата поддршка“ – тоа беа неговите зборови.
Јас за свои 65 години таква реченица немам изговорено. Тоа се реплики од турски серии, не од сериозни политичари.“

Мицковски денес зборува за „бетонизација“ и „урбанистички планови“, а во првите триесет дена од мојот мандат немало ниту еден нов урбанистички план, затоа што општината беше со блокирана сметка.
А и да му покажев план, што би разбрал од него?

Тој лаже дека дошол да „честита“ победа.
Вистината е дека дојде со список од 37 луѓе за вработување, бараше секретар на општината, директор на јавно претпријатие и на училиште, како и урбанистичка маркица за фирма блиска до негов пријател од „Гранит“.
Сето тоа – надвор од било каков институционален ред и закон.

Мицковски спомнува „пресуда“ – нема никаква пресуда!
Постои само политички прогон за барака која денес е пренаменета во простор каде се згрижени деца од градинката „Мајски цвет“.
Иронијата е што пресудата ја донесе судијка што ВМРО-ДПМНЕ потоа ја унапреди во претседател на суд!

„Четири пати дојде во мојата општина без ниедна конкретна понуда за граѓаните, освен што се занимаваше со мене. Тоа е крик на очајник и губитник.“

Христијан Мицковски продолжува со лаги затоа што ја чувствува поразеноста, а Карпош одамна го препозна тоа лицемерие.
Политика не се прави со закани, молби и лажни сведоштва – се прави со работа, визија и одговорност пред граѓаните.

Можете да прочитате

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти

Кривична пријава против полициски службеник за „предизвикување општа опасност“